„Геопром“ доби сертификат за квалитет

Bez autora
Jul 06 2011

Компанијата „Геопром“ го доби сертификатот ГМП за добра производствена практика, што претставува престижно признание за квалитет во областа на фармацијата. Со овој сертификат се признава квалитетот на производите во сите земји од Европската унија. Сертификатот за добра производна практика за производство и пакување лекови, хербални лекови го издава Министерството за здравство на Македонија откако претходно се проверени сите предуслови за добивање на овој документ: задоволување на потребите за простор, опремата и кадарот. Со добивањето на ГМП-сертификатот, "Геопром" стана рамноправен член на семејството компании што имаат широко отворени врати на европскиот и на светскиот пазар. Добивањето на овој сертификат за нас е потврда за нашиот квалитет. Тоа значи дека произведуваме македонски производи со европски квалитет. Секое признание е потврда дека сме во тек со новитетите во областа на производство и пакување хербални лекови дека сме една од ретките македонски компании што имаат ваков сертификат.

„Геопром“ доби сертификат за квалитетКомпанијата „Геопром“ го доби сертификатот ГМП за добра производствена практика, што претставува престижно признание за квалитет во областа на фармацијата.

Со овој сертификат се признава квалитетот на производите во сите земји од Европската унија.

Сертификатот за добра производна практика за производство и пакување лекови, хербални лекови го издава Министерството за здравство на Македонија откако претходно се проверени сите предуслови за добивање на овој документ: задоволување на потребите за простор, опремата и кадарот.

„Со добивањето на ГМП-сертификатот, ’Геопром‘ стана рамноправен член на семејството компании што имаат широко отворени врати на европскиот и на светскиот пазар. Добивањето на овој сертификат за нас е потврда за нашиот квалитет. Тоа значи дека произведуваме македонски производи со европски квалитет. Секое признание е потврда дека сме во тек со новитетите во областа на производство и пакување хербални лекови дека сме една од ретките македонски компании што имаат ваков сертификат“, изјави Бранислав Ѓоргиевски, генерален менаџер на „Геопром“.

Покрај ГМП-сертификатот, „Георпом“ ги има имплементирано и Интернационалниот систем за квалитет, ИСО 9001:2008 и ХАЦЦП-стандардот, како и Добрата хигиенска практика.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik